Cross4All

Цели

Цели на проектот

Комуникациската стратегија на проектот опфаќа внатрешна комуникација во рамките на проектните партнери и надворешна комуникација со засегнатите страни и пошироката регионална, национална и европска јавност. Внатрешната комуникација треба да се организира на начини кои гарантираат дека комуникацијата меѓу партнерите ќе се одвива непречено, секогаш ажурирана и на редовен и добро дефиниран начин. Од друга страна, надворешната комуникација, наведена на надворешни целни групи, ќе ја подигне видливоста на проектот, ќе иницира интеракција со потенцијалните придонесувачи и корисници, ќе привлече широк интерес за резултатите и достигнувањата на проектот и ќе ги разјасни улогите на партнерството и ЕУ во проектот.


Стратегијата на проектот се заснова на следните принципи, формирајќи ја методологијата „TACIT“:

  • Таргетирано, комуникацијата ќе биде отворена и насочена кон релевантната публика, како и идентификувана за индивидуалните околности и конкретни пораки.
  • Свест за улогата на ЕУ и Структурните фондови на ЕУ за пошироката јавност и промоција на додадената вредност на проектот.
  • Доследност, пораките, резултатите и исходите на проектот да бидат отворени, јасни и конзистентни.
  • Интерактивно, проектот ќе ги следи погледите на својата целна група и публика и колку што е можно повеќе ќе ги инкорпорира во напорите за комуникација.
  • Транспарентност, што се однесува до пристапот до средствата.


Во овој поглед, проектот има за цел:

  • Елаборирање на комуникациска стратегија која ќе се заснова на квалитетни алатки, користејќи комуникациски стил кој го зајакнува идентитетот на проектот и овозможува лесно препознавање меѓу проектните партнери и целните групи;
  • Елаборирање на комуникациски материјал во формати достапни за сите и негово ширење со средства достапни за сите;
  • Дифузија на информации и материјали низ пограничното подрачје и постигнување комуникација со директните и индиректните корисници (лица со посебни потреби и стари лица, нивните организации, локални власти и професионалци) во и надвор од регионот;
  • Произведување повеќејазичен материјал, мултимедијални содржини;
  • Обезбедување информации за зајакнување на активното учество и на пошироката јавност и на целните групи во активностите на Проектот, преку настани за подигање/активирање на јавноста и свеста, како и користење на широк опсег на дигитални инструменти;
  • Соработка со локалните/регионалните медиуми и постојанано приспособување кон локалните услови, за да се обезбеди понатамошно вклучување во локалните заедници и мрежи.


Во ова поглавје, наведени се целите и стратешката рамка за комуникација во текот на проектот, за секоја од следните потреби за комуникација во проектот:

  • Комуникација за да се обезбеди внатрешно вклучување на сите проектни партнери (Проектен менаџмент и координација на работните пакети - WP)
  • Комуникација за зголемување на видливоста на резултатите од проектот и резултатите од проектот до нова целна публика (работен пакет за комуникација и дисеминација)
  • Комуникација за да се обезбеди надворешно активирање и вклучување во развојот на излезите (резултатите) - (Тематски раборни пакети)
  • Комуникација за да се обезбеди известување и одобрување од страна на Заедничкиот секретаријат (Join Secretariat) / Управниот орган (Management Commity)