За Програмата
Пограничната соработка e кофинансирана од Европската унија под инструментите за пред-пристапна помош (IPA II)
Одобрена е од Европската Комисија на 06/08/2015 со одлука C (2015) 5655
Вкупен буџет ≈ 45.470.066,00 (85% ERDF финансирање и 15% национален придонес)
2 Приоритетни оски (Развој и поддршка на локалната економија, Заштита на животната средина - Транспорт)
Цел
Да се унапреди територијалната кохезија со подобрување на стандардите за живеење и можностите за вработување при што да се почитуваат заштитата на животната средина и да се користат природни ресурси за да се унапредат туристичките производи.
Очекувани резултати
Подобрени здравствени и социјални сервиси за популацијата која живее во пограничниот регион
Креирање на идни работни места во секторот туризам
Подобрување на пристапот до локалните транспортни инфруструктури, забрзување на конекциите низ главните корисори, ефикасни погранични сервиси, транспортни сервиси кои користат иновативни технологии
Подобрено управување со отпад или системи за рециклирање
Подобрени мерки кои вклучуваат адресирање на природни ризици (поплави, шумски пожари) и заштита на животната средина
Граѓаните кои живеат во 5-те погранични региони во Грција и 4-те региони во Република Северна Македонија имаат корист од Програмата.
Идентификувани потреби
Борба со социјалната ексклузија на „новата“ сиромаштија, луѓето кои ги загубија своите работни места и фамилии кои немаат вработен, луѓе со долгови и т.н.
Овозможување на грижа за ранливи групи
Креирање на нови механизми фокусирани на услови на сиромаштија, сервиси на удобност и советување
Справување со здравствените нееднаквости - Важно е да се намалат нееднаквостите во здравството и да се подобри пристапот до здравствени услуги за луѓето кои живеат во руралните области
Помош на жени кои нудат сервиси на деца и постари луѓе и др.