Cross4All

- ICT tools

Изработена апликација за аквизиција на податоци, концепт IoT

               

Во рамките на проектот Cross4all, покрај другите активности е придведана изработка на апликација за аквизиција на податоци од мерни сензори според концептот на Internet of Things (IoT) кои мерат витални знаци на живот на пациентот. Предвидени се за мерење на виталните параметри на пациенти од далечина, оддалечени граѓани, граѓани со попреченост и постари граѓани на кои може задолжените лекари да им дадат на краткорочно користење уреди со кои во текот на неколку денови ќе ги мерат виталните параметри на живот како притисок, отчукувања на срцето, физички активности, заситеност на крвта (SpO2) и гликемија (шеќер во крвта) и истите податоци ќе се складираат на таблет со помош на апликацијата која ја изработи ФИКТ, а која ги испраќа податоците на Cloud -от на проектот. 


Со примена на највисоки стандарди за заштита на приватните податоци, податоците се заштитени и безбедни на двете од границата (crossborder). Контролата која ќе ја прават лекарите за пациентите без разлика на која страна и чии пациенти се, дали патуваат или се на привремен престој во другата држава и ќе се одвива преку Cloud-от системот на Cross4all проектот. На двете слики се прикажани екрани од споменатата апликација која е изработена за потребите на проектот Cross4all од страна на ФИКТ Битола.“