Cross4All

- News

Втор проектен состанок во Битола

   

Вториот проектен состанок на Cross4All се одржа    во четврток 5-ти октомври 2018 година, во Битола. Универзитет Св. Климент Охридски – Битола беше партнер домаќин, а состаноците се одвиваа во просториите   резервирани за таа пригода; првиот ден состаноците се одржаа во конференциската сала на хотел Премиер (Стив Наумов 12, 7000 Битола), додека вториот ден состаноците продолжија во хотел Епинал (Марсал Тито бб, 7000 Битола). На 26.09.2018 година, откако датумите и локацијата на состанокот беа потврдени со сите партнери,   беше испратена официјална покана  до сите партнери, заедно со нацрт-агендата на состанокот, формулар за учество и шаблон за PowerPoint да им помогне на учесниците да ги подготват своите презентации.



 Беше побарано од учесниците да подготват и испратат однапред ППТ презентација за: (а) нивниот напредок и тековниот статус по испорака на партнерот   и (б) планираните активности до 12-ти месец (активности и очекувани резултати; временски планови; потребни информации од други партнери; ризици и прашања што треба да се разгледаат).  Во рамките на проектот Cross4all беше одржан и работен состанок во Битола на Management comity иTechnical comity на проектот на кој беше дискутирано за имплементацијата на проектот и беа договрени следни активности на проектот.Состанокот го водеше проф. Јоана Чуварда. Според сите учесници, 2-риот состанок на проектот беше корисен и успешен, бидејќи на сите партнери им беше помогнато во ажурирање и синхронизација на нивните локални планови колку што беше потребно.Вкупно, седумнаесет (17) учесници, кои ги претставуваа сите шест (6) корисници на проектот, учествуваа на различните сесии на состанокот. 

 Резултатите од проектот беа презентирани преку научни трудови на Конференцијата AIIT,  која се одржа во Битола 5 и 6 Октомври 2018 година, а која ја организираше ФИКТ заедно со Техничкиот факултет Михајло Пупин од Зрењанин.“