Главните резултати од проектот вклучуваат:
-Една (1) заедничка студија за гаповите и нееднаквостите низ пограничната област
-Еден (1) заеднички Акциски план на пограничната област за справување со потребите на ранливите и посебните групи
-Еден (1) водич за граѓани и посетители со информации за посебни, достапни здравствени и социјални услуги достапни сервиси во пограничната област (отпечатен и исто така достапен во алтернативни формати за различни видови на попреченост), врз основа на наодите од систематските испитувања и собирањето податоци низ регионот
-Три (3) пилот центри за здравствена и социјална заштита за сите, секој со:
*пулт за помош за граѓаните и посетителите од областа, каде што граѓаните и посетителите можат да се обратат за да добијат информации и насоки
*Информативни точки за јавен пристап (инфо-киосци), кои граѓаните можат да ги користат за пристап до клучните информации и услугите креирани во Cross4all
*обучен персонал за да им помогне на граѓаните да креираат и одржуваат сопствени лични здравствени досиеја на облакот на Cross4all (webPHR)
*мултидисциплинарни тимови од здравствени експерти, соодветно обучени и опремени за нудење превентивни здравствени услуги, дијагностичка пред-проценка, насоки, услуги за издавање е-рецепти и е-упати итн.
*мобилна единица која може да испорача голем дел од гореспоменатите услуги во домовите на лицата со попреченост и/или намалена подвижност
-Еден (1) отворен, повеќејазичен и целосно достапен за лицата со посебни потреби пограничен портал, базиран на облак, кој ќе им понуди пристап на граѓаните до различни е-услуги, вклучително и механизам за електронска лична здравствена евиденција за употреба на пограничната област (за креирање и одржување на online лична здравствена евиденција - сам или со помош на персоналот на центрите или мобилните единици), средина за е-учење за здравствена и дигитална здравствена писменост, услуги за е-рецепт и е-упат.