Во досегашните фази од програмата се извршени две обуки од кои едната Online а другата со физичко присуство со учесниците во тимовите и членовите на тимот на Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ) од Битола, Универзитет „Св.Климент Охридски“ Битола. Тимот на ФИКТ беше консултиран online и за проблемите на кои се наидуваше во процесот на користење на таблетите и опремата за мерење како и на софтверските апликации кои ни беа дадени на располагање и истите се надминуваа во од.
Мобилната единица реализира домашни посети во повеќе месни заедници, а локалната единица прегледите фги извршува во просториите на Црвениот крст на Општина Охрид.
Стационарната екипа во периодот од 1.12.2020 година до 22.1.2021 год има извршено 200 прегледи во охридскиот регион. Прегледите се извршуваат два пати неделно во просториите на Црвениот крст на Општина Охрид. Исто така два пати се извршени прегледи и во болницата Систина Нефроплус. Прегледите се евидентирани со земање на лични податоци од пациентиите. Со прегледите најчесто се опфатени стари лица и лица од ранливи групи на граѓани. Мобилната екипа со почеток од 1.12.2020 заклучно со 22.2.2021 изврши теренски прегледи во селата од охридскиот регион и Општина Дебарца. За потребите на Пилот проектот на Cross4all се извршени и неколку домашни посети кај неподвижни пациенти или социјално загрозени семејства. Мобилната екипа изврши вкупно 150 прегледи што и беше предвидено со Пилот проектот за мобилната екипа. Посетени се повеќе села од кои: Белчишта, Лештани, Велмеј, Куратица, Лескоец, Велгошти, Пештани, Горно и Долно Лакоцереј.
Домашните посети се евидентирани со адреса на живеење на пациентите и земени се личните податоци од пациентите. Со прегледите беа опфатени различни категории на граѓани според возраста, пол и здравствена состојба. Истовремено се вршеше социјално советување секаде каде што имаше потреба за тоа. За сите пациенти беа отворени Лични здравствени досиеја за пациентите во WebPHR системот и со уредите кои беа поврзани со таблетите преку мобилни апликации за пациенти и лекари кои ни беа дадени на располагање се мереа и автоматски се внесуваа податоците за пациентите во нивните медицински досиеја.
Реализацијата на проектот на иновативната програма за здравствени и социјални услуги за граѓани, со фокус на стари лица и ранливи групи започна на 01.12.2020 година.
Специјална мобилна единица за домашни услуги и локален центар се тимовите кои работат за успешна реализација на Пилот проектот на програмата.
Опремата што ја користат тимовите неопходна за работа на Пилот проектот, односно реализација на програмата вклучува:
Пулсни оксиметри
Детектори за притисок
Спирометри
Стетоскопи
EKG
Мерачи на гликемија во крвта
Топломери
Секој тим се состои од :
2 доктори
2 медицински сестри
Координатор на програмата
Администратор на програмата
Психолог
Социјален работник
Во досегашните фази од програмата се извршени две обуки од кои едната Online а другата со физичко присуство со учесниците во тимовите и членовите на тимот на Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ) од Битола, Универзитет „Св.Климент Охридски“ Битола . Тимот на ФИКТ беше консултиран online и за проблемите на кои се наидуваше во процесот на користење на таблетите и опремата за мерење како и на софтверските апликации кои ни беа дадени на располагање и истите се надминуваа во од.