Во организација на Министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија, во соработка со Водечкото тело и Заедничкиот секретаријат на ИНТЕРРЕГ ИПА, се одржа манифестација по повод Денот на европската соработка на 20 септември 2019 година во Битола. Програма за прекугранична соработка помеѓу Република Грција и Република Северна Македонија 2014-2020 година. На манифестацијата присуствуваа претставници на тимови на УКЛО, вклучени во имплементација на проекти од ИПА и Балканмед програмите.
Беше претставена мобилната апликација за мерење на виталните знаци на живот и беа направени некои мерења со цел да им се покаже на посетителите како работи. Апликацијата беше прикажана за заинтересираните посетители од страна на вработените во WP5 на проектот Cross4all.