Во рамките на проектните активности на Cross4All планирана е работилница со целни групи на тема е-Здравство. Првиот ден започна со неформален дел, во кој различни целни групи, учесници во проектот, се договрија за начините на комуникација во „новата нормалност“, поточно, беа запознаени и упатени во правилата и начините на електронско состанување, изразување и комуникација, со цел, непречено изнесување на содржините во наредните денови.
Покрај тоа, беше спроведена и агендата за првиот ден, во контекст на е-ставките кои ја сочинуваат парадигмата е-здравство. во контекст на значењето на поимите, потребата, различните платформи и партнерите кои работат на предметната област во проектот Cross4All .