Вториот работен ден, 12.11.2020, сабота, започна со сумирање на впешатоците од претходниот ден. Според работната агенда, беше презентиран Акциониот план за развој на е-Здравство, во контекст на претставување на клучните точки во однос на пристапот кон лицата со попреченост и посебни потребни, со можност за давање на сугестии и дополнителни појаснувања. Тема на дискусија беа и етичките ставки и норми во областа е-Здравство, во поглед на укажување и референцирање на критичните точки и моралните норми од предметната област. Беа презентирани и искуства од Грчките проектни партнери. Беше водена дискусија и учесниците беа охрабрени, да се изјаснат на кој начин одредени дигитални алатки може да се вклопат во концептот е-Здравство, дали познаваат такви алатки, дали може да ги посочат. Учесниците развија интересна дискусија, која покажа и нови дополнителни аспекти, за потребата на користење на дигитални алатки во е-Здравство, за сите здравствени проблеми, тргнувајќи од фактот дека во време на пандемија, практично, сите луѓе имаат изменета реалност на живеење, која на одреден начин, носи посебни потреби и нивно е-исполнување.